Top Sport

Бишќан нов тренер на Риека, навивачите бараат оставка

Поранешниот хрватски репрезентативец, Игор Бишќан е нов тренер на поранешниот хрватски шампион Риека, заменувајќи го Матјаж Кек, кој неочекувано замина од „Руевица“ по пет години. Меѓутоа, работите не одат така лесно.

Бишќан, кој лани ја освои словенечката титула со Олимпија, веќе се имал договорено со кипарскиот Анартозис, но повикот од Риека го предомислил.

Навивачите, популарната „Армада“ пак, се крена против ова именување, и побара тој веднаш да си замине.

„Никогаш да се заборави, никогаш да се прости. Игоре, заминувај! Шампиони 1998/99“, напишаа од „Армада“ на својата Фејсбук страница.

Бишќан од 1997 до 2000 година играше за Динамо Загреб, кој во 1999 ја освои титулата пред Риека, откако во последниот меч од сезоната за историска титула им требаше победа против Осиек, а мечот заврши 1:1. Риечани уште не заборавиле на таа сезона и ги обвинуваат Динамо, Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) и судијата Зоран Кречак, кој на две минути пред крајот го поништи голот на Адмир Хасанчиќ.

Scroll to Top