Top Sport

Ѓоковиќ го почна „ловот“ по првото место со победа над Шарди

Новак Ѓоковиќ имаше победничко враќање на АТП турнејата, откако со 6:3/7:5 го совлада Жереми Шарди на Мастерсот во Шангај, каде што го почнува „ловот“ на првото место на АТП листата, на кое засега е Рафаел Надал.

Ѓоковиќ немаше играно по освојувањето на својата 14. гренд слем титула на САД опен, и сега се наоѓа во неверојатна ситуација да биде блиску до првото место иако немаше титула во првиот дел од сезоната, пред да ги освои трофеите на Вимблдон и Флешинг Медоуз.

Рафаел Надал не е присутен во Шангај поради повреда на коленото, а пред турнирот имаше 1.035 поени пред 31-годишниот Србин. Ѓоковиќ, кој самиот призна дека е изненаден од шансата да биде број 1, но стартуваше стабилно против Шарди, кој нема освоено сет во 12-те меѓусебни дуели со Србинот.

Трикратниот шампион сега ќе игра или со Кореецот Хјеон Чунг или со Италијанецот Марко Чекинато. Роџер Федерер, пак, стартува од второто коло и ќе игра со Русинот Данил Медведев, кој ја освои титулата во Токио во текот на викендот.

Scroll to Top