Top Sport

Битка за финале – Јунајтед против „синонимот“ на Лига Европа

За првиот учесник на финалето во Лига Европа во Келн, вечерва ќе одлучуваат фудбалерите на Манчестер Јунајтед и Севилја.

Двата тима преку националните шампионати обезбедија учество во ЛШ идната сезона, што значи второто по квалитет натпреварување во Европа го играат за клупски престиж.

„Свесни сме колку сме блиску до пехарот, во полуфинале сме и од трофејот не делат само две победи. Во добро расположение сме тука во Келн, имаме одлични услови за тренинг“ рече дефанзивецот на „ѓаволите“, Немања Матиќ.

Од друга страна, тренерот на клубот од Андалузија, Хулен Лопетеги вели дека неговата екипа има желба да го нападне трофејот, повторно.

„Јунајтед е топ тим кој нема пораз од јануари во ПЛ, тоа зборува се. Сепак и ние имаме квалитет, но и огромна желба да покажеме што можеме“ рече Лопетеги.

Овие две екипи досега се сретнале само еднаш во минатото, во дуел во осминафиналето на ЛШ уште додека на клупата на Јунајтед беше Жозе Мурињо. Севилја излезе како победник од двомечот (0:0, 2:1).

Што се однесува за успехот во ова натпреварување, Манчестер Јунајтед Лига Европа ја освоил еднаш, во 2017 година, додека Севилја е „синоним“ за ова натпреварување затоа што дури петпати славела, во 2006, 2007, 2014, 2015 и 2016 година.

Мечот е со почеток од 21 часот на стадионот во Келн.

Scroll to Top