Top Sport

Битката за опстанок помеѓу Специја и Верона заврши без голови

Дуелот на стадионот „Алберто Пико“ помеѓу Специја и Верона, два клуба кои се борат за опстанок во италијанската Серија А, заврши со најнепопуларниот резултат 0:0.

И покрај повеќето шанси на двете страни, домаќините не успеја да ја искористат теренската предност со над 65 отсто посед на топката и двојно повеќе удари на противничкиот гол.

Специја останува на 17. место на табелата со 21 поен, додека Верона е на првото место кое води во Серија Б, 18-тото, со 18 поени.

Scroll to Top