Top Sport

Поранешната светска шаховска шампионка Костењук се откажа од Русија и стана Швајцарка

Поранешната светска шампонка во шах, Александра Костењук од 1 јануари 2024 година ќе ја претставува Швајцарија наместо Русија, откако Светската шаховска федерација (ФИДЕ) дозволи руските натпреварувачи да ја сменат својата националност по суспензијта поради војната во Украина.

Костењук во 2004 година стана велемајстор, беше светска шампионка од 2008 до 2010 година, а исто така освои пет европски титули и трипати беше шампионка на Шаховските олимпијади.

38-годишната Костењук може да настапува за Швајцарија откако во 2002 се омажи за швајцарскиот бинисмен Диего Гарсес. Но, подоцна таа се разведе од Гарсес за да се омажи за рускиот влемајстор Павел Трегубов. Таа е на седмото место на ФИДЕ рејтинг-листата зад две Русинки – Александра Горјачкина која е на третото место и Екатерина Лахно, коа е на четвртото место.

Руската шаховска федерација нема моќ да ја сопре транзицијата.

„Тоа е веќе завршена работа. Трансферот стана можен по одлуката на советот на ФИДЕ со која секој руски шахист или шахистка со престој во Европа може да се префрли со едноставна процедура. Ние и благодариме на Александра, и и посакуваме многу среќа“, вели директорот на Руската шаховска федерација, Александер Ткачев.

Андреј Карташов, кој е на 54. место на рејтингот на ФИДЕ, пак, исто така доби дозвола да настапува за Србија.

Scroll to Top