Авто-голот на фудбалерите на Краули го обележа колото во Лига 2, односно четвртиот ранг во англискиот фудбал.
Краули го пречека Стенли Акрингтон до 57.минута домаќинот водеше 2:0, кога се случи помалку бизарна ситуација.
Џош Лен се обиде да ја исфрли топката што подалеку од својот гол, но го погоди во главата соиграчот Џмими Смит и топката по некое чудо заврши во голот.
Сепак гостите до крајот не успеаја да постигнат барем уште еден гол и мечот заврши со победа на Краули 2:1.