Top Sport

Путин го наредил допингот на руските спортисти

Поранешниот директор на московската анти-допинг лабораторија Григори Радченков изнел сериозни обвинувања на сметка на рускиот претседател Владимир Путин.

Радченков, во случајот со допинг-скандалот во кој се вклучени бројни руски спортисти е еден од ткн. свиркачи. Според неговите зборови, наредбата на Владимир Путин придонела илјадници спортисти да почнат да користат забранети суспанци.

Радченков своите сознанија ги кажува во документарниот фил кој оваа година се наоѓа меѓу ниминираните за престижната филмска награда Оскар. Тој тврди дека во скандалот е вмешана и руската тајна служба (ФСБ-Федерална служба за безбедност) и дека само Путим можел да дозволи да бидат направени толку „нечесни работи“.

„Секако дека наредбата е пристигната од највисоко ниво, од претседателот“, рекол Радченко кој и самиот учествувал во допинг аферата.

„Само претседателот можел на ФСБ да му додели таква специјална задача“, рекол Радченко дополнувајќи дека не постои начин Путин да негира дека не знаел за допингот.

Scroll to Top