Top Sport

Бизарен гол на „Олд Трафорд“! Де Хеа лежеше повреден, Смит-Роув ја смести топката во мрежата

Некогаш големото англиско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Арсенал вечерва ни го донесе еден од најбизарните голови во историјата на Премиерлигата, откако „топчиите“ успеаја да дојдат до водство на „Олд Трафорд“ со голот на Емил Смит-Роув.

По еден корнер на Арсенал во 17. минута, Фред се удри во голманот на Манчестер јунајтед, Давид де Хеа, кој остана повреден на тревата, а топката дојде до Смит-Роув надвор од шестнаесетникот и тој ја смести во голот на Јунајтед. Џабе беа протестите на Јунајтед, судијата Мартин Еткинсон правилно одлучи дека голот мора да биде признаен, бидејќи Де Хеа не беше повреден од противнички играч.

Scroll to Top