Top Sport

Фенер се врати на победите, „Армејците“ го уништија Панатинаикос

Фенербахче, конечно, се врати на победите во Евролигата, откако изддржаа за 96:86 победа над Монако во „Улкер спортса арената“ предводени од чешката ѕвезда Јан Весели.

Весели заврши со 20 поени, 10 скока, 5 асистенции и 2 украдени топки, Марко Гудуриќ додаде 18 поени (сите во второто полувреме), а победата беше обезбедена со низа од 13:1 на стартот на третата четвртина. Сепак, Монако ја намали предноста на 4 поени во последната четвртина, пред Фенер да стигне до победата.

Со ова се прекинува серијата од 4 порази на тимот на Саша Ѓорѓевиќ, кој сега има 4-9 скор, додека сега Монако имаат 4 порази во низа. Мајк Џејмс имаше фантастични 31 поени, но тоа не беше доволно за тимот на Звездан Митровиќ.

Алексеј Швед, пак, ги предводеше ЦСКА Москва до импресивна 97:77 победа над Панатинаикос, постигнувајќи 17 поени и 13 асистенции, а му помогнаа Семјон Антонов со 16 поени и Вил Клајбурн со 16 поени во меч во кој „Армејците“ беа без повредените Торнике Шенгелија, Даниел Хакет и Јоханес Фоигтман. Ова е трета победа во низа за ЦСКА.

ЕВРОЛИГА, 13.КОЛО

ЦСКА Москва – Панатинаикос 97:77 (31:22, 22:16, 22:16, 22:23)

Фенербахче – Монако 96:86 (16:18, 24:24, 23:21, 33:23)

Жалгирис – Басконија 72:68 (21:19, 19:13, 11:14, 21:22)

Баерн Минхен – Асвел Лион 73:65 (12:20, 27:18, 19:16, 15:11)

Реал Мадрид – Макаби Тел Авив 72:70 (20:18, 17:20, 13:21, 22:11)

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top