По бунтот на навивачите пред „Емирати“, барањето за заминување на газдата Стен Кренке, навивачите на Арсенал доживеаја уште еден удар, откако бизарната грешка на голманот Бернд Лено ги чинеше 0:1 домашен пораз од Евертон и губење на било какви шанси за европски фудбал следната сезона.
Иако во интересните први 45 минути, Арсенал имаше повеќе од поседот на топката, Евертон ги имаше најизгледните шанси преку Калверт-Луин и Ришарлисон, а Гилфи Сигурдсон ја погоди гредата по слободен удар. В0 53. минута беше досуден пенал за Арсенал откако Себалјос беше соборен од Ришарлисон, но по ВАР-проверката, пеналот беше поништен бидејќи Никола Пепе беше во офсајд при започнувањето на акцијата. „Топчиите“ беа поактивни во второто полувреме со неколку шанси, но во 76. минута, по еден удар на Ришарлисон, Лено направи катастрофална грешка и топката некако заврши во голот.
Со трите поени, Евертон ги заддржува надежите за топ 4 пласман, бидејќи имаат 52 поени на осмото место, само еден поен зад Ливерпул и Тотенхем и три зад Челси со ист број на одиграни натпревари (32). Арсенал се деветти, но остануваат на само 46 поени.
first lingard then richarlison.. man the emirates really is a dance floor pic.twitter.com/ZZNQ8JI0Kt
— leah ☬ (@leahh__21) April 23, 2021