Top Sport

Бизарна е причината поради која Рабиот си оди од ПСЖ

Еден од најталентираните француски фудбалери, Адриен Рабио, по завршувањето на сезоната, како слободен играч ќе го напушти ПСЖ. Пред неколку дена шпанските и француските медиуми објавија дека тој веќе ги договорил сите услови со Барселона.

Денес, медиумите во Франција, ја откриваат бизарната причина поради која Рабиот решил да ги прекина преговорите со ПСЖ и да се договори со Барселона.

Рабио бил лут, бидејќи тренерот Томас Тухел го казнил поради тоа што задоцнил на тимскиот состанок пред дербито со Олимпик во Марсеј.

Тухел реши, како дел од казната, да го остави рабио на клупата и дури во финишот да му укаже шанса. Инаку, истата казна, ја доби и Килијан Мбапе.

Рабио се налутил и решил да о напушти клубот.

Scroll to Top