Top Sport

Витоло: Земете му една нога на Меси, тој повторно ќе биде најдобар

Атлетико во дербито на 13.коло во примера, в сабота, ќе ја пречека Барселона на „Ванда Метрополитано“. Во пресрет на дербито фудбалерот на Атлетико, Витоло, со комплименти ја окарактеризирал играта на Лионел Меси.

„Возбудени сме, а за навивачите е прекрасно што ќе присуствуваат на еден ваков натпревар. Меси, па можете да му замете една нога тој и понатаму ќе биде најдобар. Дури и кога не е 100 отсто подготвен тој сам може да го реши натпреварот во една секунда. Ние мора да бидеме добри и да ја спречиме конекцијата помеѓу Меси и Џорди Алба.

Во минатото коло Барселона неочекувано ги загуби бодовите на домашен терен од Бетис (3:4), додека Атлетико во драматичен меч, со пресврт, го победи Атлетик Билбао (3:2). Во пресрет на дербито Барселона е лидер со 24 бода, Атлетико има бод помалку.

Дуелот во Мадрид, в сабота, ќе започне во 20:45 часот.

Scroll to Top