Од Лондон ни доаѓа една од најбизарните фудбалски приказни во декември – фотографии на Диего Коста и Габриел Жесус со иста жена во кревет биле пронајдени во Библија оставена во една продавница за добротворни цели.
Фотографиите, кои биле направени во различни времиња, биле пронајдени во продавницата во Марлибон, во близината на Лондон.
„Жена со шпанско или латинско потекло ги остави вреќите со книги. Таа ни кажа дека нејзината пријателка си заминала од Велика Британија и дека сакала да се ослободи од некои работи. Таа потоа не се врати во продавницата“, вели изворот за британскиот „Сан“.
Коста живееше во Лондон од 2014 до 2017 година, кога беше фудбалер на Челси, додека Жесус е во Манчестер сити од 2017 година.