Кристијано Роналдо, несомнено, е еден од светските спортисти кои привлекуваат најголемо влијание и еден од најпрепознатливите личности на светот, така што не чуди што азиските компании го ангажираат за снимање на реклами. Необично, оваа недела, дел од нив станаа вирални на социјалните мрежи.
Првата дефинитивно е најчудна – рекламата од 2019 од Сингапур за „Shopee“, советник за онлајн шопинг, во која тој прво изведува слободен удар, а откако прославува со своето „Сиу“ добива портокалов картон од судијата, па почнува да танцува.
Nah I refuse to believe that Cristiano Ronaldo agreed to do this ?? pic.twitter.com/tOxAJETE5g
— Aaron Cikaya (@aaroncikaya) March 1, 2022
Ова не е првпат да има чудни реклами со Роналдо – тука е таа на израелската телеком компанија „HOT“, во која тој вели дека е побрз од интернет брзината кои тие ја нудат.
Не е за потценување ниту јапонската реклама за необичен уред за гимнастика на лицето.