Ерлинг Халанд е посебен фудбалер. Тоа им е јасно на сите, посебно по неверојатните 55 гола во 58 меча за Манчестер сити, каде што лани пристигна како една од најголемите ѕвезди во светскиот фудбал. Но, посебните квалитети се должат на посебен третман, посебно при спиење.
При гостувањето кај Јутјуберот Логан Пол, 23-годишниот Норвежанец откри дека посветува огромно внимание на добриот сон, со лепењ на лента на устата пред спиење и со носење на посебни очила за блокирање на синото светло три часа пред спиењето.
„Мислам дека сонот е најважното нешто на светот. За да спиеш добро, потребни се едноставни работи – очила за блокирање на очилата, исклучување на сите сигнали во спалната соба. Да се прават многу работи во еден ден не е најдобро, но да правиш една работа постојано подолго време навистина се исплати. Треба да пробаш да ја залепиш устата со лента. Јас спијам така. Исто така имам сауна дома и речиси секој ден ја користам“, вели Халанд.
ERLING HAALAND'S 1 SIMPLE TRICK FOR GOOD SLEEP
From Impaulsive with Logan Paul, available wherever you get podcasts.#Podcast #LoganPaul #ErlingHaaland pic.twitter.com/pdpunuVyW6
— Podcast Rex (@PodcastRexUK) August 30, 2023