Бразилецот Марсело, од бизарна причина најверојатно ќе го пропушти полу-финалниот реванш, против Челси, во Лигата на шампиони. Реал и Челси, синоќа во Марид, во првиот натпревар одиграа 1:1.
Реваншот, по кој ќе биде познат финалистот, ќе се одигра наредната среда во Лондон. Реал, на „Стенфорд Бриџ“, може да биде без Марсело, бидејќи тој во вторник треба да биде во комисијата на регионалните изворо во Мадрид.
Реал, кон Лондон, ќе се упатат во вторник, а Марсело поради „корона ограничувањето“, нема да може в среда сам да пристигне во англиската престолнина.
Ос Реал веќе ја започнале процедурата за ослободување на Марсело, со надлежните органи.
Пред две години слични проблеми имаше голманот на Леванте, Аитор Феранндес, кој мораше да си ја изврши должноста и беше заменик на Изборната комисија во родниот град во Баскија.