Top Sport

Бизарно и смешно, Кутињо си оди од Барса поради „проколната куќа“

Бразилскиот фудбалски ас, Филипе Кутињо дојде во редовите на Барселона во јануари 2018 година за повеќе од 120 милиони евра, а сепак не оправда ни евро вложено во него, пишуваат локалните медиуми.

Прекинувањето на соработката е неминовно, а најреална варијанта за Бразилецот е враќање во Премиерлигата. Како опција се споменува Манчестер Јунајтед.

Сепак, медиумите во Каталонија пласираа приказна дека Кутињо не успеа на „Ноу Камп“ затоа што живее во „проколната куќа“.

Во куќата во која сега живее бразилскиот фудбалер, порано беа сместени Цеск Фабрегас, Томас Вермален и Андре Гомеш. Белгиецот имаше големи проблеми со повредите, а Шпанецот и Португалецот едноставно не се снајдоа во Барселона.

Scroll to Top