Top Sport

ППД Загреб подобар од Нексе 28-23, па третпат ќе игра СЕХА-финале

Шампионот на Хрватска во ракомет, екипата на ППД Загреб е финалист во регионалната СЕХА лига откако предмалку славеше над Нексе од Нашице со резултат 28-23 во првото полуфинале одиграно на Ф4 турнирот во Брест, Белорусија.

„Плинарите“ по третпат ќе играат во финалето на СЕХА лигата, а за противник во битката за трофејот ќе го добијат подобриот од вечерашното второ полуфинале меѓу Вардар и Мешков Брест.

Загреб во текот на целиот меч беше во водство, искусно, рутинирано пристапи во мечот по елиминацијата во ЛШ од Вардар изминатиов викенд, па сосема заслужено екипата на Бранко Тамше стигна во позиција да се бори за трофејот.

Најефикасни кај победникот беа Бичаниќ со 7 и Влах со 6 гола кај Загреб, а кај Нексе, Бувиниќ постигна седум погодоци.

Scroll to Top