Top Sport

Бизнисменот виновен за смртта на Емилијано Сала

Бизнисменот Дејвид Хендерсон е виновен за лошото одржување на авионот, во кој загинаа пилотот Дејвид Иботсон и фудбалерот Емилијано Сала. Авионот се урна во каналот Ла Манш, на патот од Нант кон Кардиф.

Одлуката ја донесе судот во Кардиф, таа правосилна ќе стане на 12.ноември.

Аргентискиот фудбалер патувал за Кардиф каде требаше да потпише договор вреден 15 милиони фунти.

Судот, претходно го прогласил Хендерсон за виновен и поради тоа што му дозволил на патникот да влезе во авионот и покрај тоа што леталото ги немало сите потребни дозволи.

Scroll to Top