Top Sport

Без бокс и кревање тегови на Олимпијадата во Париз?

Боксот и кревањето тгови, веројатно нема да бидат во програмата на Олимписките игри во Париз во 2024 година. Ова го најави првиот човек на Интернационалниот олимписки комитет (ИОК), Томас Бах. Тој истакнал дека во најкус можем рок ќе биде донесена одлуката.

„Загрижени сме поради состојбите во овие две федерации. Проблематично е како тие функционираат. Внимателно следиме што се случува. Во интерес на спортистите наскоро ќе излеземе со сите информации“, изјави Бах.

Боксерската федерација (АИБА), со години има финансиски, организациски и етички проблеми. Исто така АИБА има проблем и со судиите. Поради ова, ИОК без АИБА, го организираше боксерскиот турнир на Олимписките игри во Токио.

Кога станува збор за вториот спорт, кревањето тегови, Бах рекол дека е важно „ИОК да види промена во начинот на размислување и погледот кон овој спорт“.

Боксот и кревањето товар се едни од најстарите олимписки спортови.

Scroll to Top