Top Sport

Благоја Милевски доби отказ во Ашдод

Поранешниот селектор на македонската фудбалска репрезентација до 21 година, Благоја Милевски (47), повеќе не е тренер на израелскиот прволигаш Ашдoд.

Челниците на клубот поради лошите резултати решиле да ја раскинат соработката со Милевски. Ашдод, има пораз на последните три натпревари, а без победа е на последните пет средби во првенството.

По 10 кол во израелскиот шампионат, Ашдод се наоѓа на претпоследното, 13.место на табелата, со скор од две победи, пет порази и две нерешени.

Милевски тренерската кариера ја започнал во Вардар, најпрвин како асистент, а потоа и го предводеше најтрофејниот македонски клуб. Со црвено-црните освои по една титула во првенството и во Купот на Македонија.

Потоа ја презеде младата репрезентација и успеа да го оствари најголемиот успех во историјата на македонскиот фудбал. Во 2017 година, Македонија, учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година.

Scroll to Top