Top Sport

По интересот на Барса, Ериксен признава дека не е сигурен дали ќе продолжи со Тотенхем

Кристијан Ериксен вели дека не е сигурен дали ќе отвори преговори за нов договор со Тотенхем, откако досега не успеа да се договори, а Барселона покажа интерес за неговите услуги.

26-годишниот плејмејкер останува под договор со лондонскиот клуб до 2020 година, но Спарс не успеаја да го продолжат договорот за еден од најталентираните и најкреативните фудбалери во Премиер лигата. Данецот имаше мала пауза поради повреда на стомачните мускули и се врати во игра од клупа во 0:1 победата на гости кај Кристал палас.

На прашање на данскиот весник „БТ“ дали очекува тренерот Маурисио Почетино да го „замрзне“ на клупата, Ериксен беше отворен.

„Искрено, тоа мора да го прашате тренерот. Јас не знам ништо за тоа. Мојот агент ги средува бизнис работите за јас да можам да се фокусирам на фудбалот. Ќе видиме како ќе заврши. Со Тотенхем имаше многу разговори, но не знам дали се завршени, бидејќи тоа треба тие да го решат. Не верувам дека ќе ме исфрлат“, вели Ериксен.

Фото: ЕПА

Scroll to Top