Поранешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер најави дека планира да побара од комисијата за етика на светската федерација да побара да се тргне неговата шестгодишна суспензија од спортот.
Блатер, кој 17 години беше на чело на ФИФА, беше суспендиран во 2015 година по најголемиот корупциски скандал во историјата на федерацијата, а во исто време и швајцарскиот јавен обвинител покрена случај против него за криминални активности, иако подоцна не беше покренато обвинение.
„Поминаа две и пол години и случајот не се придвижи. Тоа е како да имаш дамоклов меч над мојата глава бидејќи никогаш не знаеш што ќе дојде следно. Сега барам решение од етичката комисија на ФИФА, бидејќи се работи за глупава суспензија. Се надевам дека ќе има решение во следните три месеци, пред отварањето на Светското првенство во Русија“, изјави Блатер.
Блатер потврди дека е поканет од рускиот претседател Владимир Путин да биде гостин на Светското првенство во Русија во јуни и јули.
„Почестен сум од тој гест и ја прифатив поканата“, додава Швајцарецот.
Фото: ЕПА