Top Sport

Лукаку: Јас сум наредникот на Мурињо

Ромелу Лукаку вели дека неговиот тренер, Жозе Мурињо го гледа како „наредник на теренот“ за Манчестер јунајтед.

Португалецот има бесконечна доверба во 24-годишниот Белгиец по неговиот трансфер од Евертон за 75 милиони фунти, стартувајќи 28 од 29-те натпревари во Премиер лигата оваа сезона. Тој постигна 23 гола во сите натпреварувања, и Мурињо не штеди пофални зборови за неговите квалитети, а самиот Лукаку вели дека „војничкиот менталитет“ го направиле клучен во плановите на Мурињо.

„Мислам дека менаџерот во својот ум ме гледа како негов наредник на теренот и тоа е малку чудно за напаѓач, бидејќи обично играчите од средниот ред се такви команданти. Секогаш сум работел напорно и благодарен сум за шансата која ми се пружа. Но, сепак, јас сум напаѓач и морам да постигнувам голови. Тој беше навистина добар со мене и знае дека го имам тој војнички менталитет. Секогаш сум подготвен да го ставам клубот на прво место и тоа му го кажувам постојано“, вели Лукаку.

Тој вели дека е подготвен да биде трпелив додека дојдат титулите со славниот англиски тим.

„Желбата за победа е поголема од било кога претходно, бидејќи секогаш сакав да победувам и да освојувам трофеи. Тоа е пред моите лични цели во животот и Мурињо го знае тоа“, објаснува Белгиецот.

Фото: ЕПА

Scroll to Top