Top Sport

Блатер и Платини ослободени од обвиненијата за мито и корупција

Поранешните претседатели на ФИФА и на УЕФА, Сеп Блатер и Мишел Платини, не се виновни за корупција, одлучи Судот во Швајцарија. Блатер и Платини се ослободени од обвиненијата за измама и корупција во Сојузниот суд за криминал во Белинцона во Швајцарија.

Блатер своевремено го исплати Платини како специјален советник за фудбалски прашања.

Истрагата против двајцата функционери траеше седум години, а швајцарските истражители не најдоа доволно докази Блатер и Платини да бидат осудени за проневера на два милиони швајцарски франци.

Scroll to Top