Top Sport

Блаж Слишковиќ ќе биде селектор на Косово

Живата легенда на југословенскиот фудбал Блаж Слишковиќ е најсериозниот кандидат за нов селектор на Косово.

Фудбалската репрезентација на Косово, квалификациите за ЕУРО 2024 ги заврши на претпоследното местово групата И. Косово на табелата беше само пред Андоара, а пред нив завршија Белосрусија, Израел, Швајцарија и Романија како победник на групата.

Селекторската функција ја напушти Примож Глих, а босанските медиуми пренесуваат дека Слишковиќ би можел да го наследи.

Популарниот „Бака“, последниот тренерски ангажман го имаше во Жељзничар. Клубот од Сараево го предводеше на само четири натпревари на крајот од сезоната 2020/2021.

Претходно беше тренер на Кичи од Хонг Конг, Зрињски од Мостар, Широки Бријег, клубови од Кина, Саудиска Арабија, Романија и Албанија, додека тренерската кариера ја започна токму како тренер во Босна и Херцеговина.

Тој ја водеше репрезентацијата на БиХ од 2002 до 2006 година, а во 2003 година за малку ги испушти квалификациите за ЕВРО.

БиХ до последната секунда беше во игра за пласман во „мајсторката“ со Данска, а во решавачкиот меч за директен пласман во кој им требаше победа одигра 1:1.

Слишковиќ треба да го води тимот на Косово во квалификациите за Светското првенство кое во 2026 година ќе се игра во САД, Канада и Мексико.

Scroll to Top