Top Sport

Блази бара алиментација од 37.500 евра од Франческо Тоти!

Легендата на Рома, Франческо Тоти и неговата поранешна сопруга, Илари Блази најверојатно ќе завршат на суд, откако поранешниот фудбалер го одбил барањето за месечна алиментација од 37.500 евра.

Тоти се ожени со ТВ-новинркаата во 2005 година, откако беа заедно од 2002, и тие имаат три деца заедно: Кристијан (2005), Шанел (2007) и Изабел (2016). Блази во јули преку соопштение потврди дека нивниот брак од 17 години завршува со развод, по што неодамна Тоти во ретко интервју во кое зборуваше за приватниот живот, ја обвини поранешната сопруга за неверство.

Според „Кориере дела сера“, Блази побарала 20.000 евра месечно финансиска поддршка за неа и дополнителни 17.500 евра за нивните деца, односно вкупно 37.500 евра. Тоти го одбил ова со контра-понуда – 7.000 евра месечно за секое од трите деца, но без исплата за поранешнта сопруга. Бидејќи нема договор, на крајот судот ќе одлучи колку ќе треба да плаќа Тоти.

Scroll to Top