Top Sport

Бледо издание на Реал кај Уеска, Бејл погоди за три бода (Видео)

Фудбалерите на Реал Мадрид победија кај Уеска со 1:0 во 15.коло, во Примера. „Кралскиот клуб“, одигра меч под своите стандарди, но успеа да ги освои бодовите, благодарение на голот што го постигна Герет Бејл.

Репрезентативецот на Велс, единствениот гол на мечот го постигна во осмата минута, од единствената вистинска акција што ја одиграа фудбалерите на Реал на овој натпревар. Бејл го прекина голгетерскиот пост во првенството, откако претходно беше стрелец пред три месеци.

До крајот на натпреварот играчите на Реал создадоа само уште една чиста гол-шанса, но за разлика од осмата минута, во второто полувреме Бејл не успеа да го совлада голманот на Уеска.

За разлика од Реал, домашните играчи го диктираа ритамот, а не успеаја да реализираат две мртви шанси. Во првото полувреме Есекјел Авиља беше непрецизен, а во второто Мелеро од три метри го промаши целиот гол. Во 89.минута по ударот на Ривера, топката од гол-линијата во поле ја исфрли Карвахал.

Со овие три бода Реал се искачи на четвртото место на табелата со 26 бода, два помалку од Атлетико Мадрид и Севилја и четири од Барселона, додека Уска остана на последното место со само седум бода.

Scroll to Top