Top Sport

Венгер или Јокановиќ на клупата на Фенербахче?

Турскиот великан, Фенербахче, во чии редови настапува талентираниот македонски репрезентативец, Елиф Елмас, никако да излезе од кризата и со најновиот пораз од Акхисар (3:0), по 15 рунди се наоѓа на 15 позиција со само 14 бода, само три повеќе од последнопласираниот Ризеспор.

Шок терапијата, односно отказот што го доби Филип Коку, а на неговото место дојде братот на Роналд Куман, Ервин, не донесе подобрување во играта, а уште помалку во резултатите.

Поради тоа турските медиуми шпекулираат дека Ервин Куман наскоро ќе добие отказ. Според „Хабертурк“, челниците на Фенербахче имаат две конкретни желби за негов наследник.

Прва желба им е легендарниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, а втора доскорешниот менаџер на Фулам, Србинот Славиша Јокановиќ.

„Хабертурк“, тврди дека претседателот на Фенербахче Али Коч се наоѓа во Лондон каде преговара со двајцата тренери.

Scroll to Top