Top Sport

Блесок на Алексис, Интер има +6 на врвот на Серија А!

На Интер им беа потребни речиси цел час игра за да го „скршат“ отпорот на Парма, но потоа на сцена стапи Алексис Санчез, кој постигна два гола за осум минути за да ги предводи „нераѕурите“ до 1:2 победа со која се одвоија на фантастични шест поени предност на првото место во Серија А во обид да стигнат до првото скудето од 2010 година.

Во првото полувреме на „Енио Тардини“, Интер имаа неколку убави шанси, од кои најубавите преку Кристијан Ериксен и Ромелу Лукаку, но на одмор се отиде со 0:0.  Потоа на сцена стапи Санчез, кој двапати на асистенција на Ромелу Лукаку (инаку двајцата поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед) во 54. и 62. минута за обезбедување на трите поени. Ернани во 71. минута намали на 1:2 за да го зголеми притисокот на „нераѕурите“, но до крајот на мечот тоа беше конечниот скор.

Интер сега има 59 поени на врвот на Серија А, шест повеќе од Милан откако тие вчера одиграа само реми со Удинезе и 10 поени пред Јувентус и Аталанта, иако Јуве има натпревар помалку. Шансите на Парма да останат во елитата пак, се минимални, откако Дукали имаат 15 поени, шест од безбедната зона.

Scroll to Top