Top Sport

Блесок на Гонсало Рамош, Бенфика го „збриша“ Бриж

Бенфика е првиот четврт-финалист на Лигата на шампионите, откако во фантастична атмосфера на „Естадио Луж“ со 5:1 ги декласираа Клуб Бриж, за да се надополнат на првата гостинска 2:0 победа над белгискиот клуб.

Мечот беше отворен со поништен гол за домаќините, но во финишот на полувремето, со два фантастични гола на Рафа Силва и Гонсало Рамош направија предност од 2:0. Рамош, кој беше цел на повеќе клубови по фантастичниот настап на Светското првенство, постигна уште еден гол во 57. минута, пред Жоао Марио во 71. минута од пенал да зголеми на 4:0.

Давид Нереш во 77. минута зголеми на 5:0, пред Бјор Маер десет минути подоцна да го постигне утешителниот гол за тимот на Скот Паркер.

Графика: Sofascore за Топспорт.мк

Scroll to Top