Top Sport

Блесок на Мората од три минути во Сан Себастијан! (видео)

Алваро Мората очигледно добро се навикна на животот во Мадрид, откако постигна два гола за 0:2 триумф на Атлетико на гостувањето кај Реал Сосиедад.

Мората, кој во зимскиот преоден рок се врати во клубот во кој ја започна кариерата од Челси, практично сам го реши исходот на мечот, постигнувајќи два гола во 30. и 33. минута за Атле да го заддржи темпото со водечката Барселона, иако разликата е седум поени.

Атлетико мораа да го издржат и финишот со играч помалку, откако Коке доби втор жолт картон поради груб фаул во 62. минута.

Фото: ЕПА

ЛА ЛИГА, 26.КОЛО

Еибар – Селта Виго 1:0

Реал Бетис – Хетафе 1:2

Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 0:2

Scroll to Top