Фудбалерите на Виљареал, по победата над Аталанта во Бергамо, во Лигата на шампионите, забележаа уште голема победа. „Жолтата подморница“, во една од дерби средбите од 18.коло, во Сан Себастијан, го победија Реал Сосиедад со 3:1.
Виљареал со пресврт успеа да слави победа од 3:1. Креатор на победата беше шпанскиот репрезентативец, Џерар Морено.
Сосиедад го постигнаа првиот гол на натпрварот. Вистинско ремек дело е голот на Исак во 32.минута. Само шест минути подоцна Морено израмни на 1:1.
На самиот почеток на второто полувреме, капитенот на Сосиедад, Ојерзабал, поради невнимателен старт доби црвен каротн.
Предноста од човек повеќе на теренот, Виљареал ја искористи во 68.минута, кога Морено го постигна својот втор гол.
Стрелецот на двата гола за Виљареал, во 95.минута му асистираше на Чукуезе кој го постави конечниот резултат.
Виљареал со оваа победа се искачија на десеттото место со 22 бода, Сосиедад ќе останат на шестата позиција во 29 бода.