Top Sport

Блиц криг на Челси за триумф над Саутемптон (Видео)

Челси со луд пресврт успеа да ги освои бодовите во Саутемптон во првиот натпревар од 33.коло во англиската Премиер лига. Домаќинот до 70.минута имаше предност од два гола, а „сините“ до 78.минута направија целосен пресврт. Играч на натпреварот е Оливие Жиру кој откако влезе во игра постигна два гола.

Саутемптон се надевеше дека ќе успе да триумфира во дуелот со актуелниот првак, имаше комотна предност од 2-0, но Жиру го режираше пресвртот на сеуште актуелниот шампион.

„Светците“ постигнаа два гола за голема предност во 21. и 60.минута преку Тадиќ и Беднарек.

Веднаш по примениот гол Антонио Конте ја направи клучната измена, од игра го повлече индиспонираниот Мората, а на неговото место го внесе Жиру. Францускиот репрезентативец довербата ја оправда со два гола, први за него во Премиер лигата во синиот дрес.

Жиру погоди во 70.минута, пет минути подоцна израмни Азар, а пресвртот го комплетира францускиот напаѓач во 78.минута.

Члеси по ова коло ќе остане на петтото место со 67 бода, додека Саутемптон ги намали своите шанси во борбата за опстанок во лигата. Тимот на Марк Хјуз е на 18.место со 28 бода, три помалку од Кристал Палас кој се наоѓа во безбедната зона.

До крајот на првенството Саутемтон ќе ги пречека Борнмут и Манчестер сити, а ќе гостува кај Лестер, Евертон и Свонси.

Scroll to Top