Top Sport

Проектилот на Н’Зонзи и донесе бод на Севилја (Видео)

Севилја и Виљареал одигра брилијантен натпревар на „Санчез Писхуан“ во рамките на 32.коло во Ла Лига. Севилја успеа да освои бод, откако ја стигна негативата од два гола, а мечот го обележа Стивен Н’Зонзи и неговиот гол за израмнување во 82.минута.

На „Санчез Писхуан“ имаше се одличен фудбал, два црвени картони, нереализиран пенал, четири гола.

Виљареал ги имаше трите бода, но со помалку кукавичката игра кога „жолтата подморница“ имаше два гола предност и човек повеќе на теренот и овозможи на Севилја да се врати во натреварот.

Гостите првиот гол го постигнаа во 36.минута преку Раба, потоа Бен Једер во 62 минута доби два жолти картони, а Карлос Бака ја зголеми предноста во 69.минута.

Драмата започна во 76.минута кога евилја доби пенал, а Хауме Коста поради вториот жолт картон мораше да го напушти теренот. Асенхо успеа да му го одбрани пеналот на Нолито, меѓутоа само 60 секунди подоцна намали на 1:2.

Конечниот резултат во 82.минута го постави Н’Зонзи. Повремениот француски репрезентативец испрти вистинки проектил од 30 метри и го совлада одличниот Асенхо.

Scroll to Top