Ливерпул се вратија во борба за местото кое води во Лигата на шампионите. Во дербито на 30.коло, Ливерпул, во Лондон, го победи Арсенал со 3:0.
„Црвените“ головите ги постигнаа во второто полувреме, во интервал од 18 минути. Победата на Ливерпул му ја обезбеди Диого Жота, кој добрата форма од репрезентацијата ја пренесе и во клубот.
Португалецот во 64.минута го постигна првиот гол на мечот, а победникот четири минути подоцна го реши Салах. Точка на натпреварот Жота стави во 82.минута.
Ливерпул со оваа победа се искачи на петтото место со 49 бода, два помалку од Челси.