Top Sport

Блик: Господине Шаќири ние не сме залудени со национализам

Главниот уредник на спортската рубрика, на најтиражниот швајцарски весник „Блик“, во својата колумна жестоко го критикувал Џердан Шаќири, поради начинот на кој и се извинил на нацијата поради прославата на голот на мечот со Србија и покажувањето на албанскиот орел.

Швајцарците, вчера, се собраа на подготовките за натпреварите во Лигата на Нации, а Шаќири, Гранит Џака и капитенот Стефан Лихштајнер на прес конференција и се извиниле на нацијата за провокаторското гестикулирање на дуелот со Србија на Светското првенство во Русија.

Уредникот во „Блик“, Феликс Бингезер, пишува дека Џака и Лихштајнер искрено се извиниле за своето однесување, односно дека згрешиле со провокациите, додека изјавата на Шачири ја нарекол глупава.

„Им се извинувам на сите што се почувствувале навредени додека во планините го гледале натпреварот“, рекол играчот на Ливерпул.

Новинарот пишува дека изразот што го употребил фудбалерот „во планините“ е исто како да ги нарекол „селани“ и дека непотребно долеал „масло во огнот“.

„Да господине Шаќири, ние сме планинска земја. Но, господине Шаќири не се сите што живеат во планините со плиток ум и залудени со национализам“, напишал Бингезер.

Тој исто така го критикувал селекторот, Владимир Петковиќ, што за заменик капитен го одредил Џака.

„Покажува дека не рабира во каква криза на идентитет се наоѓа неговиот тим. Без да размисли го заобиколува Јан Зомер и го става пред него во таа хиерархија Џака. Зомер би можел да биде оној што би го поврзал овој хетероген тим“.

Уредникот на „Блик“, во колумната побарал и драстични промени во Фудбалскиот сојуз на Швајцарија, односно дека примерот на претседателот Петер Жилерон, кој ја напушти функцијата, би требало да го следат директорот Клаудио Сулсер и селекторот Владимир Петковиќ.

Нема суспензија за Шаќири и Џака, само парична казна за Швајцарците

Scroll to Top