Ајакс потврдија дека нивниот 30-годишен дефанзивец Дејли Блинд се вратил на тренинзи откако минатиот месец колабираше со проблеми со срцето во тек на пријателски меч.
На 25 август, Блинд мораше да биде изнесен од теренот во мечот со Херта Берлин, откако имаше дефект на неговиот имплантиран кардио-дефибрилатор (ИЦД). Тој му беше поставен во декември 2019 откако доби дијагноза за запаление на срцевиот мускул и паузираше два месеци.
Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, сега се вратил на тренинзи по низа тестирања.
„Дејли Блинд повторно тренира целосно со Ајакс. По прегледите тој мораше да се повлече од репрезентативните обврски, но сега нема причина да не продолжи со тренинзите“, се вели во соопштението на Ајакс.
Great news, @BlindDaley! ?♥️
— AFC Ajax (@AFCAjax) September 8, 2020