Top Sport

Рафаел пристигна во Башакшехир, претставен како нинџа-желка

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед и Лион, Рафаел да Силва е новото засилување за турскиот шампион Башакшехир, каде што поптиша нов договор на две сезони со опција за уште една сезона.

30-годишниот Бразилец со Јунајтед освои три титули од Премерлигата и два трофеи од Лига купот, но откако го изгуби местото во првиот тим, беше продаден во Лион. Тој пристигна на „Олд Трафорд“ заедно со братот близнак Фабио во 2008 година од Флуминензе и си замина од Јунајтед со 169 настапи во 2015 година. За него беа заинтересирани и Њукасл и Вест хем во Премиер лигата.

Scroll to Top