Холандскиот репрезентативец Дејли Блинд се согласил да се пресели во Баерн до крајот на сезоната, тврди познатиот италијански новинар Фабрицио Романо. Блинд е слободен играч откако неодамна го раскина договорот со Ајакс.
Романо тврди дека претставниците на холандскиот фудбалер и Баерн ги договориле условите за соработка, а договорот ќе биде потпишан откако Блинд ќе ги помине лекарските прегледи.
Пред Ајакс играше за Гронинген и Манчестер Јунајтед.
Германските медиуми тврдат дека раководството на Баерн го договориле и трансферот на голманот Јан Сомер, кој треба да го замени повредениот Мануел Нојер. Зомер е репрезентативец на Швајцарија, а брани за Борусија Менхенгладбах.
Договорот на Зомер истекува по завршувањето на сезоната. Менхенгладбах за Швајцарецот бара оштета од пет милиони евра.
Исто така, за летниот преоден рок Баерн постигнал договор со играчот на Лајпциг, Конрад Лајмер.
Тој има договор со Лајпциг до крајот на сезоната, а во Баерн ќе пристигне на лето без обештетување.