Top Sport

Блинд се враќа во тимот на Ајакс

Репрезентативецот на Холандија Дејли Блинд утре се враќа во тимот на Ајакс, откако во декември му беа дијагностицирани срцеви проблеми. Ајакс од лидерската позиција на табелата в недела ќе гостува во Утрехт.

Воспаление на срцевиот мускул му бил дијагностициран на Блинд откако на 10 декември му се слошило за време на мечот во Лигата на шампионите против Валенсија.

На тренинзите тој се вратил минатата недела, откако успешно минал бројни медицински тестови.

Лекарите му вградиле дефибрилатор под кожата, кој испраќа електрични импулси за регулирање на неправилната работа на срцето, особено во случаите што можат да доведат до инфаркт.

Scroll to Top