Top Sport

Кризата на „биковите“ продолжува, Сампдорија ги однесе бодовите од Торино

Торино пред неколку дена го сменија тренерот меѓутоа продолжија со лошите резултати. Вечерва на домашен терен, на дебито на новиот тренер Лонго, „биковите“ загубија од Сампдорија 1:3.

Откако првото полувреме заврши без голови, Торино во 56 минута преку Симоне Верди постигна гол за водство.

Овој резултат беше актуелен до 70 минута кога Сампдорија во фуриозни девет минути постигна три гола.

Гастон Рамирез постигна два гола во 70 и 75 минута, Ицо доби црвен картон во 78., а во наредната минута Кваљареал од пенал го постави конечниот резултат.

Сампдорија сега има 23 бода, се одалечи на седум бода од опасната зона, додека Торино по четвртиот пораз во низа остана на 27 бода.

Scroll to Top