Top Sport

Блокиран имотот на Мирко Вучиниќ во Италија

Имотот што го има поранешниот фудбалер Мирко Вучиниќ во Италија е запленет од страна на судските власити поради постапката што се води против него во оваа земја. Вучиниќ е обвинет дека в Италија затаил данок.

Италијанските медиуми објавија дека адвокато на поранешниот фудбалер на Лече, Рома, Јувентус и Ал Џазира побарал мерката да биде укината, меѓутоа судот одбил да го стори тоа.

Судот запленил недвижнини (две куќи во Лече и една мала вила во Рим), автомобили (Фиат 500 абарт, Порше 911, Ренџ Ровер, Фиат 600, Ферари Ф12, Мерцедес С-класа) и мотор Харли Дејвидсон.

Исто така судот блокирал и неколку сметки на поранешниот фудбалер.

Вучиниќ е обвинет дека не ги пријавил приходите кои ги стекнал додека играл во Обединетите Арапски Емирати. Според судот тој го оштетил буџетот на Италија за 5,8 милиони евра.

Scroll to Top