Top Sport

Боачи се врати во Црвена звезда

Интернационалецот од Гана, Ричмон Боачи, се врати во Црвена звезда, откаде во зимскиот преоден рок за сума од 5,5 милиони евра се пресели во Јиангсу Сунинг.

Боачи го загуби местото во тимот, бидејќи во клубот пристигна Едер од Интер, па тој реши да се врати во Белград на една година. Напаѓачот се согласил и на помала плата од 500.000 евра само за повторно да го облече црвено-белиот дрес.

Имено, тој во Кина имаше годишна плата од 2,2 милиони евра, од таа сума отпаѓа половина милион, а остатокот од платата по пола ќе ја покриваат двата тима.

Боачи ќе претставува големо засилување за Црвена звезда во квалификациите за Лигата на шампионите.

Scroll to Top