Top Sport

Боатенг: Дембеле е детиште со многу пари кое не знае што сака

Кевин-Принс Боатенг, кој имаше шестмесечен престој како позајмен фудбалер во Барселона минатата сезона, вели дека 22-годишниот Усман Дембеле е „детиште кое не знае како функционираат работите“ и додава дека некој мора да го усмери Французинот во вистинска насока за тој да го оствари својот потенцијал.

Дембеле дојде за 150 милиони евра од Борусија Дортмунд во 2017 година, но оттогаш не ги исполни очекувањата во Каталонија, борејќи се со повредните, но и со дисциплински мерки по редовното доцнење на тренинзите.

Боатенг, кој направи трансфер во Фиорентина, вели дека проблемот е во тоа што се работи за „младо момче кое заработува многу пари“.

„Тој е мирен, не зборува многу. Уште е како дете за мене. Морате да го сфатите тоа и дека ќе касни на тренинзи. Има фудбалери кои го прават тоа како бунт, но кај него не е така, тој е детиште. Кое заработува многу пари. Морате да го насочите во вистинска насока. Тој беше фрлен во голем базен, фудбалер од 150 милиони евра и не знае како функционираат работите бидејќи сака само да игра фудбал“, вели Боатенг.

Scroll to Top