Top Sport

Шумахер е свесен и оди на терапија со матични клетки?

Михаел Шумахер е „свесен“ по третманот со матични клетки и веќе бил посетен од поранешниот шеф на Ферари, Жан Тод во болницата во Париз во понеделникот, тврди францускиот весник „Ле паризиен“.

Германскиот седумкратен светски шампион, кој доби сериозни повреди на мозокот при пад на скијање во декември 2013 година, бил примен во болницата „Жорж-Помпиду“ во понеделникот, каде што добил трансфузија на матични клетки за намалување на воспалението. Тод, кој сега е претседател на Светската автомобилистичка федерација (ФИА) поминал 45 минути со Шумахер во текот на попладнето.

Шумахер во 2013 падна со глава на камен, кој му ја скрши кацигата и доби сериозни повреди на главата. Од септември 2014 тој живее во својот дом во Лозана, Швајцарија, но неговото семејство се грижи приватноста да биде зачувана.

Според „Ле паризиен“, Шумахер претходно уште двапати бил на третман во „Жорж-Помпиду“, двапати под лажно име. Одговорен за процедурата е професорот Филип Менаше, кој посочил дека третманот ќе биде „таен“ поради медицински причини.

Од семејството на Шумахер одбија да дадат коментар.

Scroll to Top