Top Sport

Боатенг: Дембеле е како мало дете

Фудбалерот на Фиорентина, Кевин-Принс Боатенг, го опишал својот поранешен соиграч од Барселона, Усман Дембеле, како „дете кое секогаш бара внимание“.

Боатенг, поранешен репрезентативец, во јануари направи шокантен трансфер од Сасуоло во Барселона. За шест месеци не успеа да му се наметне на тренерот Ернесто Валверде и сигурно ќе остане запишан како едно од најлошите трансфер-решенија на клупските челници.

„Тој е како детенце. Заработува многу пари и се што прави, прави јавно. Морате да го насочите. Доколку не научи, тогаш винате ќе биде негова. Мислам дека тој е мало дете фрлено во голема дупка, во џиновски базен. Клучен проблем, не само со него туку и со останатите млади фудбалери е што заработуваат премногу пари. Не е нормално 18 годишен, млад човек, да заработува четири милиони евра годишно“, рекол Боатенг.

Играчот на Фиорентина знае што зборува, бидејќи самиот има искуство со вакви работи. Неодамна изјавил дека во еден момент од кариерата не знаел што да прави со парите и дополнил дека во еден ден купил три автомобили.

Scroll to Top