Top Sport

Роналдињо повторно на фудбалските терени

Фудбалскиот волшебник Роналдињо во октомври ќе се врати на фудбалските терени. Славниот Бразилец ја заврши кариерата во 2018 година.

Роналдињо (39), во октомври ќе одигра два пријателски натпревари во Аргентина и Колумбија. На 17 октомври ќе одигра по едно полувреме за Индепендиенте и Санта Фе, а три дена подоцна истото ќе го направи во големото колумбиско дерби помеѓу Клуб Америка и Депортиво Кали.

Роналдињо е светски првак со Бразил од 2002 година и двоен освојувач на ФИФА наградата за најдобра играч во светот.

Scroll to Top