Top Sport

Боатенг ги разочара „своите“ во Берлин (видео)

Анјтрахт Франкфурт се искачи на шестото место во Бундеслигата, откако Кевин-Принс Боатенг постигна гол против својот поранешен тим, за кам-бек победа од 2:1 на гостувањето кај Херта Берлин.

Ведад Ибишевиќ имаше супер-шанса по само 50 секунди игра, откако Лукас Храдецки со нога го одби неговиот удар. Дејви Зелке имаше повеќе среќа по 15 минути игра давајќи им предност на домаќините. Мариус Волф израмни 10 минути подоцна со одличен удар и со тој резултат се отиде на полувреме.

Снегот во германската престолнина ја отежна играта, но на Боатенг тоа не му пречеше за со одличен гол да донесе водство за Ајнтрахт, по што одби да слави пред своите поранешни фанови.

Scroll to Top