Top Sport

Боатенг „куртули“ од затвор, ќе плати 1.8 милиони евра на поранешната девојка

Поранешната ѕвезда на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Џером Боатенг нема да оди во затвор и покрај тоа што е виновен за напад на неговата поранешна партнерка, и ќе плати отштета од 1.8 милиони евра.

Според окружниот суд во Минхен, Боатенг ќе ја плати казната во 60 дневни рати од по 30.000 евра, иако обвинителот бараше казна од 1 година затвор и 6 месеци условно за нанесување на телесна повреда и навреда. Казната е одредена според приходите на Боатенг, иако максималната сума е 30.000 евра дневно.

И покрај ова, Боатенг нема да има криминално досие, бидејќи за кривичен прекршок се смета секоја пресуда од над 90 дневни казни.

Според обвинението, Боатенг ја удрил својата поранешна девојка додека биле на одмор на Карибите, ја гризнал за раката, ја фрлил на подот и вербално ја навредувал. Тој исто така фрлил кон неа со стаклена ламба.

Неговата поранешна партерка, која му е мајка на близначки, првпат го пријави Боатенг во 2018 година, но судењето беше одложувано поради пандемијата на КОВИД-19.

Боатенг на суд, го тужи екс-сопругата поради насилство

Scroll to Top